Талибанците објавија оти собориле американски авион во Џалалабад, најмалку 14 загинати

Од:

Најмалку 14 лица загинаа кога авион на американската армија се урна ноќеска на аеродромот во градот Џалалабад, во источниот дел на Авганистан.

Талибанците подоцна објавија дека го собориле американскиот военотранспортен авион, кој падна во Источен Авганистан.

– Нашите муџахедини соборија еден американски авион во Џалалабад, објави портпаролот на исламистичкото движење Забиула Муџахид на Твитер.

Меѓународните сили под команда на САД во Авганистан досега не ја соопштија прочината за уривањето на авионот на аеродромот во источниот град. Американски воен портпарол, меѓутоа, соопшти дека нема информации за непријателски оган во реонот.

Талибанците имаат практика да си припишуваат напади и да наведуваат поголем број жртви во своите напади.

Авионот Ц-130 „Херкулес“ се урнал околу полноќ по локално време, но во соопштението на армијата на САД не се изнесуваат причините за падот.

Американскиот полковник, Брајан Трибас изјави дека шестмина од загинатите, биле припадници на војската на САД, додека другите биле цивили, ангажирани врз основа на договори за работа со армијата.

Авионите „Херкулес“ се користат за превоз на трупи и на тежок терет, за потребата на армиските сили.

Околу десет илјади американски војници се уште се наоѓаат во Авганистан, врз основа изменетиот план за првично определеното брзо повлекување, што беше направен на почетокот од оваа година.

Претседателот Барак Обама вети дека до крајот на 2016 година, во Авганистан ќе остане само мал број Американци, врзани за амбасадата на САД во Кабул.

На авганистанската територија останаа и уште илјада други војнци, како дел од НАТО, кои им помагаат на 40 илјади авганистански војнци, стационирани во источен Авганистан, во реонот каде се урна американскиот воен авион.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија