Шпанскиот тенисер Рафаел Надал во средата официјално потврди дека нема да игра на Мастерсот во Париз и на завршниот турнир во Лондон, иако тоа беше извесно со недели.
Поради повреда на коленото Надал не игра од крајот на јуни, кога во второто коло изгуби од чешкиот тенисер Лукаш Росол, но благодарејќи на првиот дел од сезоната обезбеди место во Лондон.
„Разаочарувачки е што ќе ги пропуштам двата последни турнири во сезоната, Париз и Лондон, но тоа не изненадува. Се надевам дека наскоро ќе продолжам со тренинзите, затоа што моето опоравување оди на добро. Сеуште не сум подготвен да се натпреварувам, ќе продолжам со рехабилитацијата на Мајорка и напороно ќе работам да се вратам што е можно побрзо“, рече Надал.
Затоа што е потврдено дека Надал нема да игра во Лондон, остануваат пет тенисери кои обезбедија место на завршниот Мастерс турнир,Роџер Федерер, Новак Ѓоковиќ, Енди Мареј, Давид Ферер и Томаш Бердих.
Во овој момент во најдобра позиција да се најде во Лондон се Жо-Вилфред Цонга, Хуан Мартин дел Потро и Јанко Типсаревиќ.
Борбата за останатите места ќе биде одлучена на турнирите во Базел, Валенсија и Париз следната недела.