Ал Абади: Ирак ќе ги поздрави руските напади против ИД на своја територија

Од:

Ирачката Влада ќе ги поздрави руските воздушни напади против џихадистичката група Исламска држава (ИД) на ирачка територија, изјави ирачкиот премиер Хајдер ал Абади.

На новинарско прашање дали со Русија е разговарано за воздушни напади против ИД во Ирак, тој одговорил дека такви разговори уште не биле водени.

– Постои таква можност. Ако добијам таков предлог ќе го разгледаме и јас ќе го поздравам, истакна ирачкиот премиер.

Претходно денеска на прес-конференција во ОН, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров нагласи дека официјална Москва не планира да изврши воздушни напади и во Ирак.

Би можело да ве интересира

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Две курдски новинарки загинаа во турски воздушен напад во северен Ирак

Израелските новинари известуваат: Иран подготвува беспилотни летала и ракети за голем напад

Американски војници се ранети во ракетен напад врз базата „Аин ал Асад“ во Ирак

Гранатирана е воена база во Ирак

Горан Наумовски

Нападната е американска воена база во Ирак