Друштвото на писателите на Македонија денеска ќе одбележи два јубилеја на истакнатата македонска поетеса Гордана Михаилова Бошнакоска: 75 години од нејзиното раѓање и 50 години од објавувањето на нејзината прва поетска книга „Времето го нема“.
По тој повод ќе биде промовирано и најновото поетско дело на Бошнакоска, стихозбирката „Слики“, што неодамна излезе во издание на „Матица Македонска“.
На средбата во ДПМ за поетското творештво на Гордана Михаилова Бошнакоска ќе зборуваат акад. Влада Урошевиќ, Лидија Капушевска Дракулевска и Владимир Мартиновски. Стихови ќе чита артистот Томе Витанов.