Советот на Руската Федерација одбри воздушни напади во Сирија

Од:

Горниот дом на рускиот Парламент, Советот на Федерација, со мнозинство гласови одобри употреба на авиони на Военото воздухопловство на Русија за напади на цели на територијата на Сирија, јавија руските медиуми.

Како што соопшти денеска шефот на Кабинетот во Кремљ, Сергеј Иванов, одлуката на Советот на Федерацијата е донесена врз основа на барањето на сирискиот претседател Башар ал Асад за „воена помош во борбата против Исламската држава“.

Ваквата најава од Москва доаѓа по средбата на претседателите на Русија и САД, Владимир Путин и Барак Обама во Њујорк, која и двете страни ја оценија како „конструктивна и деловна“.

Русија и САД не се согласуваат околу иднината на Асад, затоа што Вашингтон и неговите сојузници на Западот и во регионот бараат тој да замине од власта, додека Москва смета дека одлука за тоа може да донесат само Сиријците, а не некој од надвор.

Двете страни во меѓувреме постигна согласност дека Асад не треба да си замине од власт за да се постигне договор за мир, а САД го ублажија својот став околу актуелниот сириски претседател, согласувајќи се дека тој би можел во еден кус период на транзиција да остане на челото на државата.

САД и Русија се согласуваат дека Сирија мора да остане единстевна и секуларна држава.

Би можело да ве интересира

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

Алаудинов: Зеленски ќе мора да потпише безусловна капитулација

Најмалку осум лица се повредени во руските напади на Запорожје во Украина

Лавров: Русија е подготвена да ги брани своите интереси на Арктикот

Русија: Нема да се спасите, нуклеарна војна не смее да се случи бидејќи нема да има победници

Горан Наумовски