Марковски најави преземање конкретни чекори за подобра иднина на македонската кошарка

Од:

Директорот на Македонската кошаркарска федерација (МКФ) на денешната прес-конференција, по повод завршените активности на младинските репрезентации на Европските првенства Дивизија – Б, најави низа активности за подобрување на иднината на овој спорт во нашата држава.

Македонските селекции во различни категории изминатиот период имаа слаб пласман на Б-еврошампионатите, а Марковски за тоа не гледа директни виновници во електорите туку посочи дека треба да се менува системот на натпреварување и целокупната организација.

– Не може да се обвинуваат само тренерите, зашто и тие се жртва на организацијата и на системот на натпреварување. Првиот чекор е распуштање на стручните штабови на младинските селекции, но можно е некој од досегашните членови да работат и во иднина во некоја репрезентација. Следно е централизирање на списоците на репрезентативци, со што ќе ја избегнеме досегашната пракса 30% од кошаркарите незаслужено да бидат меѓу селектираните. Третата наша цел е едукација на тренерите. Секако мора да биде сменет и системот на натпреварување, бидејќи се случуваше да се појават екипи со далеку помал квалитет од останатите, на сметка на квантитетот, истакна Марковски.

И координаторот на младинските женски селекции Стојна Вангеловска се согласи дека се потребни итни решенија за подобра иднина на мак баскетот.

Таа очекува подобри резултати во женската кошарка, а изрази задоволство од настапот на кадетките на Европското првенство во Охрид и Струга, иако кошаркарите го заземаа 17 место.

– Потребно е трпение, ентузијазам и работа за подобро утре на нашата женска кошарка. Задоволна сум од настапот на кадетките на Европското првенство во Охрид и Струга, каде бевме во силна група во конкуренција на европскиот шампион и вицешампион, изјави Вангеловска.

Би можело да ве интересира

Кошаркарите на Партизан поразени од Барселона

Кошаркарите на Партизан поразени од Фенербахче во седмото коло од Евролигата

„Во последните осум години тој е најдобриот тренер во Европа“

Предраг Петровиќ

Европскиот првак го напаѓа Фенербахче без тројца играчи

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ