Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) е подготвен да соработува со грчките власти за спроведување на потребните реформи, изјави генералниот директор на организацијата Кристин Лагард при средбата со Министерот за економија, развој и туризам на Грција Јоргос Статакис во Вашингтон.
Тоа е прва средба на претставник на ММФ со новата грчка влада.
Лагард и Статакис разговарале за состојбата на економијата, рекапитализација на банките, прашањето на долгот и мерките за постигнување на економски раст.