Поетската книга „Погрешен човек“ од Христо Петрески, што ја објави издавачката куќа „Матица македонска“, деновиве излезе преведена на бугарски јазик.
Преводот е на универзитетскиот професор Вања Ангелова, која е автор и на предговорот со наслов „За погрешните безгрешни нешта“.
Стихозбирката содржи 57 песни. Има и двојазични изданија на српски и на македонски јазик во Белград, каде доби две награди – „Иво Андриќ“ и „Македон“.