Седници на три собраниски комисии

Од:

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат Законодавно-правната комисија и комисиите за економси прашања и за труд и социјална политика.

Предлог-законите за изменување и дополнување на Законот за технолошки индустриски развојни зони, на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, на Законот за социјалната заштита и на Законот за индустриски – зелени зони, сите по скратена постапка, во второ читање, се на дневниот ред на седницата на Законодавно-правната комисија.

И членовите на Комисијата за економски прашања ќе расправаат по предлог-законите за изменување и дополнување на Законот за технолошки индустриски развојни зони и на Законот за индустриски – зелени зони, по скратена постапка.

На седницата на Комисијата за труд и социјална политика, како што е најавено, на агендата се предлог-законите за изменување и дополнување на Законот за социјалната заштита и на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, двата по скратена постапка во второ читање.

Би можело да ве интересира

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги