Продолжува 67. собраниска седница

Од:

Собранието на Република Македонија на денешното продолжение на 67. седница ќе расправа по Предлог-законите за изменување и дополнување на Законот за технолошки индустриски развојни зони, на Законот за индустриски – зелени зони, на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, како и на на Законот за социјалната заштита, сите по скратена постапка.

На дневниот ред на седницата се повеќе Предлог-закони за изменување и дополнување од различни области меѓу кои и на Законот за јавните набавки, на Законот за експропријација, на Законот за спречување на перење пари и финансирање на тероризам, на Законот за буџетите и на Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа.

Пратениците ќе дискутираат и по Предлог-законите за изменување и дополнување на Законот за ревизија, на Законот за акцизите, на Законот за супервизија на осигурување, на Законот за даноците на имот,  на Законот за државната ревизија, на Законот за хартии од вредност и на Законот за државната статистика.

На агендата се и Предлог-законите за изменување и дополнување на Законот  за таксата за привремен престој на Законот за индустриски – зелени зони, на Законот за возила, на Законот за енергетика, на Законот за катастар на недвижности и на Законот за Академијата за судии и јавни обвинители.

Би можело да ве интересира

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги