Турција повика меѓународната заедница да ги зголеми напорите за решавање на бегалската криза

Од:

Турскиот премиер Ахмет Давутоглу ја повика меѓународната заедница да ги зголеми напорите во решавање на бегалската криза, откако илјадници луѓе беа принудени да ги напуштат своите домови и побегнат во соседни земји и Европа.

Давутоглу нагласи дека запирањето на злосторствата на сирискиот режим и терористичката организација Исламска држава, како и создавање на безбедна зона за Сиријците во нивната татковина е единствен начин да се спречи нов бран бегалци од Сирија, Ирак, Авганистан и Либија.

– Меѓународната заедница го виде проблемот со бегалците најпрво како проблем на Сирија, подоцна како криза на Турција или соседните држави, а сега е јасно дека бегалското прашање е глобална криза, криза што не може да се игнорира, што не може да се заборави, изјави Давутоглу во Њујорк, каде учествува на седницата на Генералното собрание на ОН:

Давутоглу моменталното ангажирање на меѓународната заедница во решавање на бегалската криза го оцени како минимално, но изрази надеж дека по Генералното собрание на ОН, таа ќе биде поактивна по тоа прашање.

Од 1,9 милиони Сиријци кои од своите домови побегнаа во Турција, околу 300.000 се наоѓаат во бегалски кампови, додека поголемиот дел од нив се во градовите долж границата.

Би можело да ве интересира

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

(ВИДЕО) Експлозија во Италија: Се урна цела зграда, загинаа деца

Предраг Петровиќ

Дијана (27) загина во автомобилот со соседот и трите деца: Очевидци ги опишаа деталите за страшната сообраќајка кај Ушче

Предраг Петровиќ

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

Додик му пиша на Трамп: „Претседателе, чувајте се, ни требате да победите“

Резолуција за геноцид повторно „затропа“ на црногорската врата

Предраг Петровиќ