(ВИДЕО) Гошев: Имам резерви кон човекот во преговорите чија фирма е трета во тендерите за Скопје 2014

Од:

Договарањето за македонските работи треба што побрзо да се прошири. Кога елитите се договараат, тие прават компромиси меѓу нив, тоа е неизбежно е ставот на Петар Гошев за излезната стратегија од кризата, една од темите на вечерашната дебата во ГЕМ.

– Ако нема широка коалиција, политичкото однесување во Македонија нема да се промени така лесно. Ако не постои притисок од граѓанскиот сектор и тие следни што ќе дојдат на власт, колку и да се искрени, ќе почнат слично да се однесуваат. Не постои демократско општество во кое богатството е сконцентрирано кај толку мал број луѓе, ако одлуките се носат во тесен круг, ако нема дисперзија на политичката и на економската моќ.

Гошев јавно изрази резерви кон еврокомесарот Хан.

– Јас не го гледам во очи тој човек кога преговара, но јас имам големи резерви кон тој човек, тој има конфликт на интереси и тоа е една од слабите точки во овој процес. Австрија има многу капитал овде и тој има фирма која што е трета во тендерите за Скопје 2014 и јас до крај ќе бидам со резерва во тој процес, рече Гошев.

Мора да се смени даночниот систем во Македонија, бидејќи големата нееднаквост се создава со даночниот систем и со корупцијата, смета Гошев.

– Даночниот систем и корупцијата се два клучни канали и тие ако продолжат 1 отсто од населението може наскоро да има 50 отсто од доходот на Македонија. Ако би имале вистински попис, во кој што ќе се види вистинското богатство не само приходите, туку и куќи и слики и јахти и целото богатство тогаш ќе се види дека македонското општество е веројатно понееднакво и од државите во Латинска Америка.

Ако се зголемат даноците на побогатите, дефицитот може да се намали преку зголемени даноци, не мора да останат тие дефицити, но тоа ќе го знаеме кога ќе замине оваа власт, колку е одржлив тој долг и колку има уште скриен долг. Пресметките ќе покажат со кое темпо може да продолжи јавната потрошувачка, дали може да остане со истиот процент во бруто домашниот производ. Нема да има многу простор, особено година, две, три во буџетот да се прават поголеми преструктуирања, затоа што и последната анализа на ММФ вели дека структурата на македонскиот буџет е најлоша во споредба со регионот, вели Гошев
Оваа приказна од последниве девет години за развоен буџет е само приказна, бидејќи ако се споредат колку се инвестициите ќе се види дека тие се исти како и во периодот на претходната власт.

На дебата вечерва во ГЕМ присутвуваше и претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

А.Б.

Би можело да ве интересира

Петар Гошев: Институциите мора да се заинтересираат – кој сака да влезе во Макпетрол?

(ВИДЕО) Гошев: Постапките на власта заслужуваат експлозија од незадоволство

Емир Латифовиќ

(ВИДЕО) Гошев: Сите да излезат на големи протести против џелатите на Уставот

Емир Латифовиќ

(ВИДЕО) Гошев: Македонија има огромни проблеми и нема изгледи да ги реши со ваков политички и економски систем

Емир Латифовиќ

Гошев: Или меѓународната заедница да ги апси „криминалците“, или парламентот да го исфрли Груевски од игра

Емир Латифовиќ

(ВИДЕО) Гошев: Над 700 милиони евра се украдени во Телеком

Емир Латифовиќ