Над 30.000 ирачки војници ќе учествуваат во ослободителната операција на Рамади

Од:

Повеќе од 30 илјади ирачки војници ќе учествуваат во решавачката етапа од операцијата за ослободување на Рамади, административниот центар на ирачката провинција Анбар, од терористичката група Исламска држава (ИД), изјави денеска раководителот на администрацијата на провинцијата Сабах Кирхут.

Според него, „подготовката на операцијата за ослободување на Рамади е целосно завршена и наскоро ќе почне“.

– Во офанзивата ќе учествуваат над 25.000 војници од ирачката армија и околу пет илјади доброволци, истакна Кирхут.

Владините сили ќе бидат поддржани од воздух од ирачкото Воено воздухопловстви и од авиони на меѓународната коалиција, предводена од САД.

Би можело да ве интересира

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Две курдски новинарки загинаа во турски воздушен напад во северен Ирак

Израелските новинари известуваат: Иран подготвува беспилотни летала и ракети за голем напад

Американски војници се ранети во ракетен напад врз базата „Аин ал Асад“ во Ирак

Гранатирана е воена база во Ирак

Горан Наумовски

Нападната е американска воена база во Ирак