Оградата од бодликава жица поставена на унгарско-словенечката граница, отстранета е во петокот попладне, соопшти унгарското МНР, јави Танјуг.
Оградата беше поставена само како експеримент во врска со безбедносната ограда изградена по должина на границата со Србија и со Хрватска, во изминатите неколку седмици, додаваат од Министерството.
Унгарскиот министер за внатрешни работи Шандор Пинтер ќе се сретне во понеделник со словенечката колешка Весна Ѓеркош Жнидар, за да ги разјаснат можните недоразбирања и да разговараат за системот за гранична контрола и патроли, се наведува во соопштението.