Стефан Марковски за збирката раскази „Продавачот на ветар и магла и други приказни“ е добитник на наградата „Македонска книжевна авангарда“ што ја доделува Фондацијатата за културна и научна афирмација и презентација „Македонија презент“ од Скопје.
Писателот и професор Драги Михајловски подвлекува дека Стефан Марковски е несекојдневен автор во современата македонска книжевност и пошироко.
Според писателот и професор Венко Андоновски, станува збор за извонреден стилист, концизен и двосмислен, а Румена Бужаровска вели дека тој е концизен и јасен.
Васил Тоциновски посочува дека тој забележува, критикува и опоменува, а Рајна Кошка ги издвојува дискретниот хумор внимателно избалансиран со придушена меланхолија, оригиналната наративна техника и сложеното метафорично заокружување на расказот.
Досегашни добитници на наградата се Елена Пренџова, Марина Мијаковска и Дејан Трајкоски.