(ВИДЕО) Улицата на Кеј ќе се пробие низ кафулињата, за Трајановски е обврска која мора да ја исполни

Од:

Од шанк, на улица, па во кафуле. Вака би требало да изгледа движењето по Кеј откако ќе се изгради режимската улица која што ќе ги опслужува возилата на „Телеком“. Градоначалникот, Коце Трајановски, вели дека Градот Скопје мора да го исполни ова барање на инвеститорот затоа што во спротивно Градот би бил санкциониран.

Улицата ќе поминува помеѓу самите кафичи и масите од нивните тераси. Наспроти моменталната состојба каде на возилата им е дозволено да поминуваат до кејскиот ѕид. Инаку, позади „Телеком“ предвидена е изградба на катна гаража, така што фреквенцијата на режимската улица може да се зголеми доколку ги прифати возилата што таму ќе се паркираат. Градоначалникот, пак, вели дека ова дополнително ќе се регулира и дека е можно премин до идната катна гаража да се направи преку ГТЦ.

Се уште не е дефинирано дали улицата ќе се користи одреден период од денот, или преку целиот ден.

-Градот Скопје го пренесе правото на градење. Ние имавме законска обврска, а при правење на „Телеком“ таа обврска ја зел инвеститорот. Доколку побара да ја изгради, а ние не му дадеме согласност може да бидеме санкционирана. Со ДУП е предвидена како надземна, ќе има регулиран режим на сообраќај и ќе можат да одат само вработените и оние кои што доставуваат роба, никој друг. Ќе има сообраќај онолку колку што има времената под самиот кејски ѕид. Имаше предлог да се изгради до кејски ѕид, но не можеме да градиме надвор од ДУП – објасни тој.

На прашање дали ќе беше подобро улицата да останеше подземна за да не се ограничува просторот за пешаци, Трајановски вели дека нејзината изградба не биле негова желба, туку обврска.

-Не сме на дебата туку да го исполнуваме законот. ДУП-от вели надземна улица и не можам да коментирам. Треба ли да речам сменете го ДУП-оти направете ја подземна, и тоа кој знае колку време ќе трае. Тоа не е моја желба, туку обврска на Градот – изјави градоначалникот.

Маја Васева

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Голем пожар во зграда во Чаир: Евакуирани над 100 луѓе, има повредени

Катерина Ѓуровски

АХВ нареди времено затворање на кујната во касарната „Гоце Делчев“

Горан Наумовски

Во Скопје се санираат штетите од синоќешното невреме

Повеќе од 12 часа делови од Скопје без струја

Од силниот ветер падна дрво и повреди жена во центарот на Скопје

Катерина Ѓуровски

Во Тетово и во Скопје уште се санираат последиците од невремето