Македонска зимница и органски производи исклучиво од македонски производители ќе бидат во фокусот на „Агрофуд 2015“ што ќе се одржи од 1 од 4-ти октомври на Скопски саем.
Како што соопштија организаторите, ќе има и богата понуда на традиционални производи од ДИЕМ-ГП, Випро, Бонум, Best Food, Млекара Ѓорѓиев, Ука Комерц, Суна Минерална вода,…
– На годинашниот Меѓународен саем за широка потрошувачка новитет се органските производи: оригано, медицински билки, аронија,…, како и други органски растенија и билки одгледани по најстрогите законски стандарди, изјави проект-манаџерот на Скопски саем Магдалена Хамбова.
На изложбено-продажните штандови, освен храна, пијалаци и стоки за широка потрошувачка, ќе можат да се разгледаат и набават најразновидни и најнови машини и опрема за амбалажирање и внатрешен транспорт.
Влезот на „Агрофуд 2015“ ќе биде бесплатен.