Македонија со протестна нота до Хрватска за блокираните камиони

Од:

ЦЕФТА и сите релевантни институции во Брисел се исконтактирани и запознаени со проблемот на македонските камионџии, кои неколку дена се заглавени на српско-хрватската граница, информира вечерва заменик министерот за економија Христијан Делев.

Тој појасни дека членките на ЦЕФТА разговарале за итен состанок во Молдавија, како земја претседавач, доколку до вторник не биде тргната забраната.

– Сите институции во Брисел се исконтактирани, исконтактирана е и ЦЕФТА и чекаме на хрватската страна овие санкции да ги тргнат, доколку не го направат тоа до вторник ќе биде закажан состанок на ЦЕФТА каде што ќе бидат преземани и други соодветни мерки, изјави Делев.

Тој посочи дека уште вчера македонското МНР упатило нота и писмо до Хрватска во врска со блокирањето на македонски камиони на границата со Хрватска.

– Ние реагиравме, укажавме на хрватските власти дека ова е надвор од сите меѓународни договори за проток на луѓе и стоки. Покрај контактот со институциите во Брисел и со ЦЕФТА ги контактиравме и нашите колеги во Србија, Косово, Албанија и Турција, кои се засегнати со овој проблем, истакна Делев.
Изрази надеж дека хрватските власти ќе најдат соодветно решение и нема да ја применуваат оваа мерка во иднина, бидејќи последиците ги трпат сите земји од овој дел на Балканот што транзитираат преку Хрватска.

Би можело да ве интересира

Три тела се пронајдени во куќа во Пореч

Пешаци претрчуваа на автопат во Хрватска – двајца се мртви, а двајца тешко повредени

А1он

Вучиќ: Загрозени сме од воениот сојуз на Хрватска, Албанија и Косово, ќе ја браниме нашата територија

Катерина Ѓуровски

Полицијата истражува симпатизери на ЗДС и десничарската ХДЗ поради фашистичките поздрави

Хрватска ја победи Словенија и се приближи до полуфиналето на Европското првенство

Возач на камион од Хрватска загина во Италија – го згмечи товар пченка

А1он