Австрија веќе вратила 5.000 мигранти во други земји од ЕУ

Од:

Виена врати над 5.000 мигранти во земји од Европската унија, низ кои тие минале на пат за Австрија, изјави австрискиот Министер за внатрешни работи Јохана Микел-Лајтнер.

Пред три недели Австрија и Германија времено ги ослободија луѓето, што бегаат од војната во Сирија, од барањето на ЕУ бегалците да поднесат барање за азил во првата земја од Европската унија, во која ќе влезат. Таа одлука ги налути соседните земји како Унгарија, кои изјавија дека таквиот чекор ќе предизвика уште поголем бран бегалци да тргнат кон Европа.

Колку што се сеќавам вративме над 5.000 или 5.500 лица од Австрија, главно во Бугарија и Романија, но и во други земји, изјави пред новинарите Микел-Лајтнер на средба на Социјал-христијанската унија во Германија.

Со цел да функционира системот за азил, е неопходна ефективна политика за враќање на мигрантите и затоа не чека многу работа во таа област, особено во однос на северно-африканските држави, истакна министерката.

Микел-Лајтнер нагласи дека речиси и да нема поднесени барања за азил во сигурни земји како Хрватска или Словенија, што значи дека мигрантите што минале низ нив повеќе не бараат безбедност, туку сакаат да изберат земја во најдобра економска состојба.

– Ако бегалците идат во Австрија од Словенија и Хрватска, за да бараат азил во Австрија, ние ќе ги вратиме во Словенија и Хрватска, истакна австриската министерка.

Би можело да ве интересира

Фон дер Лајен: Европа има резерви на гас и покрај уцената на Путин

Русија ја прекина испораката на гас за Австрија поради спор околу плаќањето

Горан Наумовски

Пронајдено телото на двојниот убиец од Австрија по кого полицијата трагаше со денови

А1он

Пронајден е автомобилот на убиецот Роланд Дрекслер, полицијата интензивно трага по него

Австриската полиција трага по убиецот на градоначалникот на општина Кирхберг

Убиство во Австрија: Ловџија усмрти градоначалник