Средношколски натпревар во претприемништво

Од:

Во Охрид денеска ќе се одржи натпреварот „Претприемач – да се биде или не!“ на кој четири тимови од средните училишта од Охрид и Струга ќе треба да решат предизвик од реалниот бизнис сектор.

Изборот на најдобар предлог ќе го направи комисија составена од локални претприемачи. Натпреварот е завршна активност од истоимениот проект што се реализираше од мај до септември, а целта е да се подобри квалитетот на претприемничкото учење во средните училишта преку обуки со наставниците и учениците и соработка со бизнис заедницата.

Пред натпреварот беа посетени пет локални успешни фирми каде учениците на лице место сретнаа различни бизниси и разговараа со сопствениците, а учествуваа и на тридневен камп во Охрид.

Проектот е реализиран од Локалната агенција за развој во соработка во соработка со средните училишта „Св. Кирил и Методиј“ во Охрид и „Нико Нестор“ во Струга.

Би можело да ве интересира

Владата дава еден месец попуст од 10 до 15 отсто за моливи, боици, ранци, тетратки…

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Ангелковска: ВМРО-ДПМНЕ системски го партизира и образованието, постоечките образовни асистенти заменети со нови партиски кадри

Донесовме одлука за етапно покачување на платите на наставниците во период од четири години, вели Јаневска

За следната учебна година ќе има учебници за секое дете, вели министерката Јаневска

Деканите на Сити Колеџ: Ние ги градиме идните лидери!

A1on

Трамп потпиша извршна наредба за распуштање на Министерството за образование