Египетскиот претседател Ал Сиси помилува стотина затвореници

Од:

Египетскиот претседател Абдел Фатах ал Сиси потпиша декрет за ослободување на стотина затвореници, вклучително новинарот на катарската сателитска ТВ „Ал Џезира“ Мохамед Фахми.

Амнестијата е прогласена по повод најголемиот исламски празник Курбан-бајрам, наведува ТАСС.

Кон крајот на август годинава, на повторен судски процес, група новинари од „Ал Џезира“, што египетскиот суд ги прогласи виновни за помагање на исламисти, казнена е со три години затвор.

Меѓу нив и Фахми, кој има канадско државјанство, продуцентот Бахер Мухамед и Австралијанецот Питер Гресте. Тие се обвинети за ширење на лажни информации и фалсификување документи при известување за настани по соборувањето на исламскиот претседател Мохамед Морси во летото 2013 година.
Според ТАСС на слобода ќе биде пуштен и поетот и романтичар Омар Хазек, уапсен во декември годинава поради кршење на законот за демонстрации, а повеќето амнестирани се обвинети за истото дело и учество во недозволени протести.
Ослободена ќе биде и активистката за заштита на човековите права Сана Сејф, уапсена летото и осудена на две години затвор. На списокот амнестирани се 16 жени, а според декретот сите треба да бидат пуштени на слобода веќе денеска.

Би можело да ве интересира

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет

Железничка несреќа во Египет, има загинати и повредени

Египет упати апел до своите авиокомпаниите: Избегнувајте го воздушниот простор на Иран утре наутро

Египет бара формирање независна држава Палестина