Трета по ред авионска дезинсекција ќе се реализира утре на подрачјето на општина Неготино, информираа денеска од Локалната самоуправа.
Авионското третирање ќе се реализира во раните утрински часови и тоа во времето од 05 до 08 часот.
– Дезинсекцијата е во согласност со годишната програма за работа на локалната самоуправа Неготино, за спроведување општи мерки за заштита на населението од заразни болести, како и со оперативниот план за дезинсекција, дезинфекција и дератизација за тековнава 2015 година, соопштија од општината.
Активноста, посочуваат, и овој пат се спроведува во соработка со ресорното Министерство за здравство на Република Македонија и Центарот за јавно здравје од Велес.
– За таа цел, а поради престојното запрашување против комарци, се информираат граѓаните и здруженијата кои одгледуваат пчели и други животни, благовремено да ги преземат сите неопходни мерки за нивна заштита, предупредуваат од Локалната самоуправа.