Дискусија проследена со високи тонови и дофрлања. Таква беше атмосферата во Советот на општина Центар по исказот на директорката на училиштето „11 Октомври“, Даниела Костадинова.
Таа кажа дека не видела дека повраќаат децата и дека имаат проблем, зашто биал отсутна во тој момент.
-Немаше потреба никого да алрмирам зашто мислев дека се работи за вирус кој се пренел помеѓу децата. Во четвртокот кога дојдов на работа, имаше отсутни 109 деца и тоа ми беше аларм да се упатам до Државниот санитарен инспекторат, рече таа.
Кажа дека водата е исправна, и дека сите пијат од неа.
-Констатациите на екипите на Водовод беа дека се е во ред со водовната мрежа, а што се однесува до шахтите беа средени пред учебната година. Во тој ден беше многу топло, можно е да враќала шахтата ама тоа и дома ни се случува, рече директорката Даниела Костадинова.
-Си играте со интелегенцијата со советниците и родителите, испадна дека сите се виновни само ви не сте, “виновни се топлото време, кучињата, децата што ги оштетуваат тоалетите“. Кој е виновен што вчера со список ги внесувавте родителите на состанокот, па мораше да дојде градоначалникот да можат сите да влезат, возвратија советниците од СДСМ.