На денешната седница на министрите за внатрешни работи на ЕУ, Полска се согласи да прифати 5.000 бегалци во рамки на европската програма за раселување на пристигнатите бегалци во Унијата, јави ТАСС, цитирајќи ја полската државна агенција ПАП.
Во првата фаза ЕУ ќе распредели во различни земји 66.000 од вкупно 120.000 бегалци, додека 54.000 ќе бидат „во резерва”. Ако во блиска иднина некоја земја од ЕУ побара помош поради миграцискиот притисок, ЕУ ќе ја користи и оваа „резерва“, соопшти ПАП.