Двајца работници, кои минаа девет дена затрупани под земја, по уривање на тунел во Индија, денеска беа спасени, но третото лице се уште е во неизвесност, јави ДПА.
Тунел, изграден како дел од главен пат во северната сојузна држава Химачил Прадеш, се урна на 12 септември, при што влезот беше затурпан со камења и земја.
Изминатите пет дена 50-члена спасувачка екипа со машини ископа 42-метарска шахта од врвот на ридот до таванот на тунелот. Потоа спасувачите рачно ги ископаа последните метри, со цел да влезат во тунелот и ги ослободат затрупаните работници, кои минаа над 200 часа заробени под земја.
Претставник на националните сили за справување со кризи, изјави дека работниците се во добра состојба и се пренесени во болница.
Изминатите четири дена тие добуваа храна и вода преку друга, помала шахта. Спасувачите остваруваа контакт со нив преку микрофон, поврзан со далечинска камера.