Поради градежни работи со минирање утре до 13 до 15 часот ќе има прекин на сообраќајот на патот Охрид – Кичево, кај планинскиот превој Пресека – село Врбјани.
Сообраќајот ќе биде во прекин во интервали од 15 до 20 минути, соопшти Автомото сојузот на Македонија (АМСМ).