Красниќи: Основен проблем на Косово е лошото владеење

Од:

Претседателот на косовскиот парламент Јакуп Красниќи е првото официлално лице од Приштина кој јавно проговори за лажирани избори и за сомнителни приватизирања на општествениот имот.

Неговите јавни конфронтирања со косовксиот премиер Хашим Тачи, кој воедно е и претседтаел на партиаја ДПК чиј член е Красниќи, тој ги коментира и во интервјуто за информативнит портал „Аламкос” при што вели дека основен проблем денес на Косово е и лошото владење, додавајќи дека на значајни функции се инсталираат луѓе без кредибилитет, луѓе кои се управувани од зад сцената.

Во врска со внaтрепартиските односи во ДПК, тој вели: „Сите значајни одлуки се носат надвор од партијата„. При што додава дека и членовите на претседателството на партијата се плашат да зборуваат, или пак говорат онака како што сака шефот на партијата.

Осврнувајќи се на состојбите во Македонија, во интервјуто за информативниот портал „Алмакос”, Красниќи вели: „Сите народи на Балканот треба да се свртат кон една нова соработка и ново партнерство. На Балкаот имало многу неправди, време е за едно ново ниво на правдина и во Република Македонија. И начинот како се троши буџетит на една држава, е показател за нивото на правата во една земја”

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

Курти: Косово и Македонија немаат несогласувања, ние сме соседи, пријатели и партнери

Катерина Ѓуровски

Мицкоски пристигна во Косово, во тек меѓувладината седница

Катерина Ѓуровски

Заедничка седница на владите на Северна Македонија и на Косово во Приштина