Најголемиот број од бегалците кои изминативе денови пристигнаа во Хрватска, веќе ја напуштија земјата, изјави денеска хрватскиот вицепремиер и министер за внатрешни работи Ранко Остојиќ.
Тој нагласи дека состојбата во центрите за прифат на бегалците денеска е стабилна, додајвајќи дека „најкритична точка“ е местото Товарник на хрватската граници со Србија.
Остојиќ информира дека на железничката сѕаница во Товарник се наоѓаат околу 2.000 луѓе, кои чекаат да бидат пренесени со воз до прифатните центри.
Како што јави Фена, тој додаде дека сите останати бегалци што пристигнале во Хрватска се префрлени до унгарската граница, како и дека Словенија почнала да ги попушта имигрантите што дошле до хрватско-словенечката граница.
Танјуг претходно јави дека во Товарник се наоѓаат меѓу две и три илјади бегалци, кои стрпливо чекаат да бидат пренесени на некоја дестинација од каде би го продолжиле патот кон западноевропските земји.
Бегалците кои од Србија влегуваат во Хрватска, хрватските власти потоа ги првезуваат со автобуси до локации, кои се чуваат во тајност и кои не сака никој официјално да ги обелодени, наведе српската агенција, додавајќи дека ниту возачите на автобусите наводно до самото поаѓање не знаат во кој правец треба да возат.
Во меѓу време Унгарија соопшти дека во текот на вчерашниот ден од Хрватска во земјата влегле околу 8.000 бегалци од Блискиот Исток, кои биле уредно регистирурани согласно законоите на ЕУ.
Портпаролот на унгарската Влада, Золтан Ковач при тоа ја обвини Хрватска дека не успеала да ја организира контролата на надворешните граници на ЕУ согласно правилата. – Хрватска не ја испони својата обврска да ја штитеи границата на ЕУ, дополни Ковач.