Град Скопје: Лага е дека во новиот буџетот на Град Скопје нема средства за Луна Паркот

Од:

Градот Скопје реагира на денешното соопштение на СДСМ околу изградбата на новиот Луна Парк во Скопје:

Градот Скопје изминативе години работи на реализација на овој капитален проект, за кој досега имаше поголем број на обиди да биде реализиран по пат на јавно-приватно партнерство, а согласно новата стратегија истиот ќе се реализира етапно со сопствени буџетски средства.

Во моментов се работи на изборот на идејните решенија, по што ќе се работи на изведбени проекти, за на крај да се пристапи на реализација на овој проект.

Апсолутна лага е дека во буџетот на Град Скопје нема предвидени средства за реализацијата на овој проект. Напротив, покрај во буџетот за 2015 година, средства се предвидени и во развојните компоненти и планските буџети за 2016 и 2017 година.

Ова се податоци кои се јавно достапни на јавноста и истите лесно можат да се потврдат. Ова, комбинирано со фактот што во Советот на Град Скопје функционира и советничка група на СДСМ, дополнително не збунува за причините за испраќање на ова конфузно и полно со невистини соопштение на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош