Новата влада на Египет предводена од Шериф Исмаил положи заклетва пред претседателот Абдул Фатах ас Сиси.
На 12 септември претходната влада, предводена од Ибрахим Махлаб, поднесе оставка поради корупциски скандал. Претседателот му даде на министерот за нафта Шериф Исмаил една недела да формира нова влада.
Во новата влада функциите ги задржуваат министрите за внатрешни работи, одбрана, финансии, инвестиции и раководители на други сектори, пренесува ТАСС.
Како министер за нафта е именуван шефот на државната нафтена компанија Тарек ал Мула.