Зошто луѓето ги привлекува Легија на странци?

Од:

express.hr – Загреб

Легија на странци е елитен дел од француската копнена војска, но постојат многу работи за нив кои пошироката јавност не ги знае

Легија на странци звучи како моќна војска на која се приклучуваат само најдобрите. Меѓутоа, дали тоа е баш така? Ако ве интересира оваа тема, можеби следните факти не ви се познати.

На легионарите се всадува став – борба до смрт, а предавањето не е опција

Во април 1863 година, во борбата меѓу француската Легија на странци и мексиканската војска, легионарите покажале колку се точно одважни.
Иако во нивниот состав тогаш имало само 65 мажи, легионарите се бореле притив 3.000 војници во битката кај Камарон. Наспроти речиси никакви шанси, малата патрола на легионари на мексиканската војска нанела големи загуби, одбивајќи цело време да се предадат. И не само тоа, туку тие повеќе пати ја прашале големата војска дали таа ќе се предаде.

На крајот петмина мажи способни за борба останале сами на поле и се бранеле со бајонети до последниот здив. Кога се предале, Мексиканците не можеле да веруваат дека се бореле против толку малку војници, а еден војник наводно изјавил: Ова не се мажи! Тоа се демони!

Сеќавањето на таа битка се одбележува и денес, а дрвената рака на нивниот убиен капетан Данжуа се уште е највредна работа во музејот на легионарите во Обањ.

Ранетите легионари автоматски добиваат француско државјанство

Иако во војската на легионари доаѓаат од 138 различни држави, сите можат да станат граѓани на Франција. Имено, по чесното служење барем три години, можат да поднесат барање за државјанство, а ако се ранети на боиште, можат да добијат државјанство по пат на одредба наречена Француз по пролиена крв, што француската влада почнала да го дозволува во 1999 година.

Над 35.000 странци се убиени во акции додека служеле во Легијата

Во текот на историјата на француската Легија на странци и нивните борци, се гледало како на потрошна стока. Странците кои се приклучувале, а се уште тоа го прават, ја прифатиле можноста да загинат во делечна земја во замена за нов живот со некоја смисла. Но, бесмисленото жртвување со текот на времето станало своевидна доблест која не треба да се обидуваме да ја разбереме.

Најдобро тоа го објаснил стариот легионер Вилијам Лангевајш: Времето не е важно. Ние сме ѕвездена прашина. Не сме ништо. Без оглед дали ќе умрете на 15 или на 79 години, за илјада години тоа ќе биде целосно неважно. Значи, од***ете со својата загриженост за војните.

Легијата порано ги прифаќала сите, посебно криминалците и неприлагодените, без никакви дополнителни прашања, но денес мораат да поминат на тест.

Од основањето во 1831 година, Легијата станала место за сите со проблематично минато. Мажи со полициски досијеа или дезертери од други војски можеле да дојдат и да се приклучат, а никој ништо да не ги праша. Напротив, тие добивале нов идентитет и можеле да почнат нов живот, со чист почеток.

Но иако и понатаму примаат дезертери и лица обвинети за помали прекршоци, повеќе не е толку лесно да се влезе во Легија на странци. При регрутација, мажите мора да поминат психички, физички и интелектуални тестирања, пред да почнат со било каков тренинг.

Подоцна се проверува колкава е нивната мотивација, за да се разоткријат тие кои немаат доволно волја да успеат во војска.

Иако денес не е нужно човек да бега од своето минато во момент кога ќе одлучи да се приклучи на Легијата, сите нови легионери го губат стариот идентитет и добиваат нов, кој мора да го задржат најмалку една година во текот на служењето на војската.

– Легионерите почнуваат нов живот кога ќе се приклучат. На секој од нив им е дозволено нивното минато да остане тајна – објасни легионерскиот капетан Мишел.

Платата и додатоците се скромни

При регрутирањето легионерите комотно можат да објават постер на американски маринец на кој пишува: – Не ви ветуваме градина полна со рози. Имено, платата е скромна, како и другите додатоци, но се чини дека тоа на никого не му пречи – пишува Бизнис инсајдер.

Наспроти ветувањето за многу груб живот и можност за одење во борби било каде на светот, се уште илјадници мажи се пријавуваат секоја година.

Легионерите можат да очекуваат да бидат пратени да чуваат некои подрачја или директно во борби. Моментално се наоѓаат во Авганистан и Мали.

Почетната плата им е околу 1450 долари и нема зголемување првите неколку години. А дека се работи за малку пари доволно зборува споредбата со најниската плата на американски војник, која изнесува 1546 долари, а која автоматски оди на 1733 долари по шест месеци.

Единствен голем бонус во Легијата можат да најдат љубителите на пијалаци, бидејќи алкохол има секогаш повеќе од доволно. Дури и во воените зони, легионерите пијат во слободното време и познати се по тоа што можат да испијат толку многу што можат да ги засрамат и ноторните алкохоличари.

Би можело да ве интересира

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

(ВИДЕО) Експлозија во Италија: Се урна цела зграда, загинаа деца

Предраг Петровиќ

Дијана (27) загина во автомобилот со соседот и трите деца: Очевидци ги опишаа деталите за страшната сообраќајка кај Ушче

Предраг Петровиќ

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

Додик му пиша на Трамп: „Претседателе, чувајте се, ни требате да победите“

Резолуција за геноцид повторно „затропа“ на црногорската врата

Предраг Петровиќ