ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги избира кандидатите за градоначалници како на пазар

Од:

Документот што излезе во јавноста, а е со печат на СДСМ-Штип и сведочи за тоа дека преку политички пазар и распределба на функции и бизниси се договарале кој кандидат да го поддржат на локалните избори, е доказ како СДСМ ги бира своите кандидати за градоначалници.

Тоа значи дека СДСМ не ги бира кандидатите за градоначалници според нивниот квалитет, или според рејтингот кај граѓаните, туку според тоа како и колку ќе се испазарат и какви бизниси ќе договорат.

Почитувани, ова е голем скандал.  Ова говори дека СДСМ не е партија на граѓаните, туку партија на личните бизнис интереси.

Ако социјадемократите вака се пазарат и договораат кандидати за градоначалници во Штип, сосема извесно е дека СДСМ истиот пазар го прави и кога го договори кандидат за градоначалник во Струмица да биде Зоран Заев, Александапр Петрески во Охрид, Зоран Дамјановски во Куманово, Аце Коцевски во Велес, Јордан Проевски во Ресен.

Преку пазар и договарање на бизниси, СДСМ ќе ги избере и кандидатите за градоначалници во Скопје, за Центар, за Карпош, за Кисела Вода, Аеродром…

Значи ова се општински организации на СДСМ во кој имаше поделеност околку кандидатите за градоначалници.  Оттука СДСМ треба да каже колкави бизниси договорија овој пат нивните кандидати за градоначлници, за да купат мир во партијата?

Тоа говори дека СДСМ е во страшна криза. Тие не можат да се договорат, па однапред кројат договори и распределуваат бизниси.  Затоа со прави може да се констатира дека СДСМ беше и остана салонска партија.  Тоа што СДСМ се пазари го плаќаат граѓаните.

(Интегрален текст од прес-конференција на Александар Бичиклиски, ВМРО-ДПМНЕ)

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Владата инвестира 5,4 милиони евра во нови работни места

СДСМ: Заради ВМРО-ОКГ, Македонија губи милијарди, а не милиони евра

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: На СДС, ДУИ и Левица не им поминува лошиот политички театар со кој свесно го блокираат Изборниот законик

ВМРО-ДПМНЕ: Доказ за безидејноста и конфузијата која владее во СДС е денешната прес-конференција на Венко Филипче

Мицкоски: Ако некој смета дека треба да бидемe дел од ЕУ, подготвени сме за се што е конструктивно, но не и деструктивно

Предраг Петровиќ

Се зголеми бројот на пратеници на коалицијата „Твоја Македонија“, предводена од ВМРО-ДПМНЕ

Предраг Петровиќ