Федерер: Сите три титули не се императив

Од:

Првиот тенисер на светот Роџер Федерер изјави дека не е под притисок да го повтори резултатот од минатата година, кога во низа ги освои Базел, Париз и Мастерсот во Лондон.

„Се зависи од тоа колку тешки мечеви ќе имам, каков ќе биде распоредот, кој ќе ми бидат противници и можеби ќе влезам во серија ако се поклопи се. Не би требало да ми биде цел повторно да ги освојам сите три турнири. Првата цел ми е да се погрижам добро да изиграм во Базел, а за понатаму ќе видиме“.

„Морам да одам чекор по чекор, тоа е мојата рутина и единствен начин да се изборам со три луди недели кои се пред мене“, изјави Федерер.

Во второто коло на турнирот во Базел, Роџер игра против Томаж Белучи.

Би можело да ве интересира

Енди Мареј е новиот тренер на Новак Ѓоковиќ

Карлос Алкараз го победи Андреј Рубљев во второто коло на завршниот турнир во Торино

ВИДЕО: Рубљев збесна – се удираше и се раскрвави со рекет

Предраг Петровиќ

Синер: „Многу тешка ждрепка“

Предраг Петровиќ

Синер преку Ѓоковиќ до титулата во Шангај

Новак во полуфиналето на Шангај-посилен од енергичниот Чех