Помала група бегалци, кои денеска се превезени од Товарник во Загреб, во текот на попладнево се појавиле на границата со Словенија, а наскоро нивниот број би можел да се зголеми.
Словенечката телевизија објави снимка на неколкумина бегалци кои се наоѓаат пред Словенија на меѓународниот граничен премин Брегана-Насеље/Словенско Село, но се уште се на хрватска територија.
Словенечкото Министерство за надворешни работи и денеска соопшти дека неконтролираниот премин на границата преку хуманитарните коридори за бегалци би било спротивно на европските закони, а премиерот Миро Церар истакна дека Словенија ќе ги исполни своите обврски за заштита и контрола на надворешната шенгенска граница кон Хрватска.