Почна новата академска година на УАКС

Од:

Со читање на студентската химна бруцошите на шесте факултети на Универзитетот Американ Колеџ Скопје (УАКС) ја почнаа новата акедемска година 2015/2016.

На првиот академски час, што се одржа синоќа во хотелот „Александар Палас“, присуствуваа советникот за менаџмент од Амбасадата на САД во Македонија Чарли Винтермејер, министерот за странски инвестиции Џери Наумоф и целиот академски и административен тим на УАКС.

Винтермејер истакна дека со порастот на економијата во Македонија и со присуството на интернационални компании се зголеми потребата од високообразован кадар.

– Сегашните бруцоши имаат можност следниве четири години на УАКС да се здобијат со вештини и знаења и да бидат компетитивни на пазарот на трудот во иднина, Винтермејер.

Министерот Наумоф ги охрабри новите студенти дека направиле најдобар избор за почеток на нивното високо образование. Ја нагласи важноста на упорноста, вербата во себе и континуираниот едукативен процес.

Ректорот на УАКС проф. д-р Марјан Бојаџиев на студентите кои менторирале други студенти и го дале својот придонес во развојот на Клубот на тутори им додели благодарници.

Би можело да ве интересира

Јаневска: Се разговара со синдикатот за повисоки плати на наставниците

Раст на платите во јавната администрација и образованието ќе има следната година

Независниот синдикат порачува: Нека се скрати на превоз на пратеници, на апанажи, на службени возила и ќе има пари и за просветните работници

Предраг Петровиќ

Јаневска: Нашите ученици каснат многу во однос на нивните врсници во Европа

(ВИДЕО) Баковска: Нема образовни асистенти во училиштата, гневни се родителите на децата

Наставниците нема да добијат зголемување на платите во септември, ќе има во март