Промовирана збирка од 20 сликовници за деца

Од:

Во Детскиот креативен центар во Скопје денеска беше промовирана „Нашата прва библиотека“, збирка од 20 сликовници за деца на македонски и албански јазик. Сликовниците ќе бидат дел од секоја училница по одделенска настава во Македонија и во библиотеките.

Сликовниците ги промовираа сопругата на американскиот амбасдор во Македонија Кејпи Полк Бејли и Сузана Киранџиска, раководител на проектот на УСАИД „Со читање до лидерство“.

Кејпи Полк Бејли нагласи дека сликовниците содржат многу повеќе од интересни и убави илустрации.

– Зборовите и приказните во сликовниците ги канат децата да спознаат нови искуства, идеи, места и луѓе. Книгите за деца ги подобруваат јазичните и комуникациските вештини, потенцира таа.

Киранџиска ги претстави сликовниците со предлог-активностите кои наставниците и родителите можат да ги користат со децата кои се описменуваат. Сликовниците опфаќаат повеќе теми блиски на децата-пријателство, чувства, наука, лица со посебни потреби…

На настанот присуствуваа родители, ученици и наставници од неколку основни училишта во Скопје.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска