Човек на Човекот

Од:

Тудеј заман – Истанбул

Да бидам искрен, нема нешто ново да ви кажам во оваа статија. Всушност, таа беше напишана на 27 август минатата година. Но историјата се повтори и минатата сабота. По тоа повторување, главната тема во статијата нормално беше засилена. Некои незначителни детали кои беа проблематични, беа избришани. Така нашата позната историја стана перфектна.

Ако можете да се сетите, Реџеп Таип Ердоган беше избран за претседател на 10 август 2014 година, но не успеа и по неколку недели да се повлече како пратеник, премиер и претседател на партијата, нарушувајќи ги така членовите од 101 до 107 од уставот. Покрај тоа, тој присуствуваше на првиот вонреден конгрес на владеечката Партија на правдата и развојот (ПСР) на 27 август 2014 година, датум на кој тој беше назначен за претседател на државата.

Она што го направи тој конгрес судбински не е во тоа што се прекрши уставот, демократските конвенции и политичката коректност. Мандатот на тогашниот претседател Абдула Ѓул, кој се сметаше за природен лидер на ПСР по Ердоган, и кој се сметаше за таков во сите истражувања на јавното мислење, завршуваше на 28 август 2014 година, а конгресот се одржа еден ден порано.

Очигледно законот, Уставот, демократските конвецни, политичките правила и коректноста беа целосно прекршени. Беше јасно дека Ердоган и неговиот близок круг не сакаат Ѓул да заврши во ПСР. Покрај тоа, беа искористени сите видови итроштини и интриги тоа да не се случи.

Спротивно на правилата, ПСР го спроведе својот партиски конгрес со еден кандидат за претседател. Сегашниот премиер Ахмет Давутоглу, беше избран за претседател на партијата со благослов од Ердоган. Го искористив зборот „избран“ само онака лефтерно. Зборот „назначен“ би бил поисправниот збор. Накратко – вонредниот конгрес беше спроведен на основа на различни интриги и во исклучително противречен и проблематичен период. Беше јасно дека на Ѓул му беше спречена лидерската позиција која според сите истражувања на јавното мислење, се сметаше за најсилниот кандидат кој ќе ја поведе партијата во ерата по Ердоган. Дури и со Давутоглу како единствен кандидат на конгерсот, требаше да има политички последици за сето таа непочитување, неправедност и конспирација.

Но тоа не се случи. На новиот вонреден конгрес на ПСР, Давутоглу доби поддршка од 382 од 388 делегати. Останатите шест гласа беа дадени во знак на протест од случувањата, но беа оценети како невалидни од технички причини. Така Еродган го назначи Давутоглу со целосно непочитување на законите, демократските конвенции, политичката етика и коректност. Давутоглу си ја обезбеди поддршката фактички од секој делегат. Тој ден, ПСР како политичка партија, за мене замина во историјата. Тоа што се случи беше нешто кое веќе не можеше да се дефинира како политичка партија.

Од таа причина, на оние кои со мала надеж сакаа да кажат дека Давутоглу како нов претседател на ПСР и нов премиер ќе започне некакви промени, им одговарав дека такво нешто нема никогаш да се случи. Всушност, ако Ердоган беше определил некој сосема непознат, да речеме „Тавукоглу“за претседател, наместо Давутоглу, тој со сигурност ќе беше избран како претседател со целосна поддршка на делегатите. На крајот на краиштата, ПСР и раководството и не се ништо друго освен чист политички апарат, искористен од Ердоган за неговите понатамошни лични амбиции, иако се претпоставуваше дека тој треба да биде непристрасен според уставот и политичките конвецнии.

Она кое би им го рекол на оние кои имаат и мала надеж е дека „ако ПСР беше партијата во која имаше некаква демократска култура, и покрај тоа што неколку стотини делегати би го дале гласот во знак на протест против прекршувањето на законите, демократијата и политичката коректност. Ако Давутоглу беше избран со подршката од 55 проценти наместо со 100 проценти од делегатите, можевме да имаме некаква надеж. Во тој случај и 55 проценти од делегатите на ПСР ќе го поддржеа Давутоглу. Но сега 100 проценти од делегатите кои гласале, гласале така само затоа што Ердоган го барал тоа од нив. Како резултат на тоа, Давитоглу дури ја загуби и шансата да биде самиот тој. Во пракса тој е претседател на ПСР и премиер, но суштински, политичката тежина која ја има е никаква. Всушност, тој и нема тежина. Следствено на тоа, бесмислено е да очекуваме од него да има справедливо, оргинално, цивилизирано, достоинствено и демократско однесување“.

Навистина сакам да сум згрешил со заклучоците. Но сето она што се случуваше во изминатата година јасно покажа дека Давутоглу нема ниту еден од квалитетите на вистинско лидерство, и дека залучоците ми се точни. Како можеме да очекуваме нешто од некој кој се обидува да го имитира стилот на Ердоган, а ја занемарува сопствената личност?

Неодамна, ПСР го одржа својот петти редовен конгрес. Повторно како единствен канидиат Давутоглу беше реизбран како претседател, обезбедувајќи поддршка од 360 делегати, освен седум гласа кои беа прогласени за невалидни. Или подобро кажано, тој беше „преназначен“. Ако ПСР навистина беше демократска партија, ќе имаше и други кандидати, особено во ваков бурен период. Конгресот со својот единствен кандииат беше јасен доказ за тоа дека ништо демократски не останало во ПСР. Но тоа не беше изненадување.

Всушност, петтиот редовен конгрес на ПСР беше полош од првиот вонреден конгрес на ПСР, кој се одржа на 28 август 2014 година. Затоа што сега Давутоглу немаше власт при распределбата на раководството на партијата. Тој не успеа да ги зачува најблиските луѓе во раководниот тим. Покрај тоа, тој требаше да ги прифати сите имиња предложени од Ердоган. Тоа се случува за првпат во турската политичка историја. Всушност, Давутоглу беше претворен во еден забец на тркалото како претседател на кого не му беше дозволено да си го избере сопствениот тим, а во таа смисла и најблиските вицепремиери.

Генерално 70 отсто од 50-члениот состав на централното извршно политбиро, беше подновено со луѓе лојални на Ердоган. Резултатот од конгресот е дека Давутоглу всушност нема влијание во ПСР или во управувањето, иако се претставува дека раководи. Оние кои одблизу ги следат случувањата, веќе го знаат тоа, но овој конгрес им ја покажа таа неприродност на сите останати.

Така во Турција, која сега минува низ процес на граѓански преврат, која стреми за востановување на „едноличен пежим“, гледаме дека улогата на официјалниот преетседател на владата не може да биде повеќе од „човек на Човекот“. Ако го земеме предвид тоа што се случи вчера (на 12 септември), ниту ПСР, ниту нејзиното раководство избрано под покровителство на Ердоган, се демократски.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ