Српската Влада официјално упати протест поради употребата на солзавец против мигрантите од страна на Унгарија на територијата на Србија и додаде дека испраќа полициски единици на заедничната граница.
– Наша задача е да се избегнат идни напади од мигранти врз унгарски полицајци од наша територија, а исто така и да бидеме хумани и со почитување да ги префрлиме мигрантите од оградите, изјави српскиот министер за внатрешни работи Небојша Стефановиќ.
При судирите на унгарско-српската граница се повредени 20 унгарски полицајци, како и две деца, кои се хоспитализирани.
Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун упати критики до Унгарија поради начинот на кој се однесува кон бегалците, оценувајќи дека тоа е неприфатливо.
Тој изјави дека е шокиран од постапките кон бегалците на унгарско-српската граница, додавајќи дека кон нив треба да се однесуваат со почитување и достоинство.