Во Хрватска денеска до 19 часот влегле 892 мигранта, од кои 360 се испратени во регистрацискиот центар во Јежево, соопшти хрватското Министерство за внатрешни работи.
Во тек се подготовки за отворање и на други регистрациски центри и објекти за сместување.
Бегалците од утринава пристигнуваат во Хрватска со автубиси од Србија, откако унгарските власти ја затворија границата кон Србија.
Хрватската Влада утре на седница ќе формира Комисија за координирање на активностите во врска со пристигнувањето на мигрантите во земјата, која ќе ја предводи потпретседателот на Владата и министер за внатрешни работи Ранко Остојиќ.