Унгарскиот премиер Виктор Орбан најави дека Унгарија планира да изгради ограда и на делови од нејзината граница кон Хрватска.
– Решивме да изградиме ограда и на границата со Романија, а ќе изградиме ограда и на некои места долж границата со Хрватска, изјави Орбан во интервју за виенскиот весник „Пресе“.
Унгарија веќе ја огради границата кон Србија, а најавта за изградба на ограда и кон Романија уште вчера ја даде шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто.
– Решивме да започнеме подготвителни работи за изградба на ограда долж унгарско-романската граница со разумна должина, во случај имигрантскиот притисок да се насочи кон Романија, изјави Сијарто.