Бугарскиот тенисер, 21-годишниот Григор Димитров досега нема некои позначајни резултати, но неспорно е дека поседува голем талент.
Својата умешност уште еднаш ја покажа во дуелот со Виктор Троицки, кога во средината на вториот сет изведе еден од најдобрите удари во сезоната.
Димитров, кој поради сличноста во играта со Роџер Федерер, го нарекуваат „бејби Федерер“, одигра спектакуларен полуволеј со рекетот позади грб.