Турските власти планираат за три дена да ги вратат стотиците мигранти во камповите

Од:

Властите во Истанбул и во Едрене планираат за три дена да ги вратат стотиците мигранти, кои ги окупураа автобуските станици во двата града во обид да се придвижат кон границата со Грција или Бугарија и да стигнат до Европа.

Се претпоставува дека властите во Истанбул може да применат сила доколку мигрантите, кои неколку дена ја окупираа автобуската станица Есенлер, не се вратат во камповите, јави БТА.

Полицајци од специјалните сили за борба со нереди се распоредени на автобуската станица и во околните квартови. Оклопни возила со водени топови се распоредени и подготвени да интервенираат доколку е потребно.

Властите прво ќе се обидат со разговор да ги убедат мигрантите да се вратат во камповите. Околу 500 лица, кои пристигнале во Истанбул се согласиле доброволно да се вратат.

Според турските медиуми околу две илјади лица ја окупирале автобуската станица Есенлер во Истанбул. Најмалку илјада лица тргнале пеш од Истанбул за Едрене.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ