Постхумно ќе биде објавена последната збирка поезија на Игор Исаковски

Од:

Културната установа „Блесок“ ќе ја промовира книгата поезија „Дека да“ на Игор Исаковски. Промоцијата ќе се одржи на 19 септември, од 21 часот, во МКЦ Клуб ресторан.

На роденденот на Игор, песни од последната збирка која тој ја напиша ќе читаат неговите пријатели Јовица Ивановски, Џабир Дерала, Тихомир Јанчовски, Румена Бужаровска, Ана Мартиновска, Срѓан Јаниќиевиќ, Владимир Мартиновски. Ќе свири Тони Китановски.

igor-isakovski

„Книжевното дело ’Дека да‘ е единаесеттата збирка поезија, а седумнаесетта објавена книга на авторот за кој верувам дека не е само предводник на мојата генерација македонски автори, туку и нејзина своевидна метафора. Неговото творештво, неговите ставови, неговиот начин на живеење и работење и неговата севкупна личност, во себе ги носат сите тегоби и парадокси на генерацијата која го преживува битништвото на бескрајната македонска транзиција. Игор во секој поглед го одликува забревтаноста на товарниот воз кој постојано ита, натоварен, а жеден за брзината која ќе го ослободи, силно, гневно и жестоко влечејќи го товарот на минатото кон некоја неизвесна иднина“, пишува Елизабета Баковска.

Автор на фотографијата на корицата на книгата „Дека да“ е Сашо Димоски.

Игор Исаковски (1970-2014) е прерано починат македонски поет, писател и преведувач. Беше основач и директор на културната установа „Блесок“, каде беше главен и одговорен уредник. Позади себе остави 17 книжевни дела и голем број преводи и изданија на автори од целиот свет.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска