Од вечерва на полноќ Австрија ќе воведе гранична контрола на својата граница кон Италија, Словачка, Словенија и Унгарија, соопшти денеска австриското Министерство за внатрешни работи.
Како што јави ДПА, во соопштението се наведува дека за ваквата одлука на Виена, австриската министерка за внатрешни работи Јохана Микл-Лајтнер веќе ја информирала Европската комисија.
– Интензитетот на граничната контрола ќе биде на ниво кое е неопходно за гарантирање на безбедноста, наведла Микл-Лајтнер во писмото до Еврокомисијата.
Денешната одлука на Австрија следи два дена откако Германија воведе контрола на германско-австриската граница.