Свилановиќ: На Балканот му е потребен функционален енергетски пазар

Од:

Југоисточна Европа (ЈИЕ) мора да создаде функционален енергетски пазар кој ќе понуди пристапно и сигурно снабдување, изјави денеска генералниот секретар на Советот за регионална соработка, Горан Свилановиќ, кој во Софија учествува на конференцијата за енергетска безбедност и инфраструктура во регионот.

Свилановиќ изрази надеж дека економиите на ЈИЕ ќе и се придружат на ЕУ, пред да станат членки на Унијата.

Предупредувајќи дека можностите за раст на Западен Балкан во последно време значително се влошиле, тој укажа дека ЈИЕ треба да ги утврди приоритетите во енергетскиот сектор и дека пред се треба да работи на поефикасно користење на енергијата, обновливите енергетски извори и поттикување инвестиции во енергетската инфраструктура.

Според Свилановиќ, потребно е да се укинат енергетските субвенции и да се заменат со безбедносни мрежи за најранливите потрошувачи.

Би можело да ве интересира

Вучиќ и покрај заканите од ЕУ ќе оди во Москва: Не ја менувам одлуката

Изгласана новата Влада на Србија

Вучиќ го објави извештајот на руската ФСБ во кој се тврди дека на протестите во Белград не бил употребен звучен топ.

Предраг Петровиќ

Интерпол го одби барањето на БиХ за распишување меѓународна потерница за Додик

Српската полиција објави фотографии од осомничените за нападот на студенти во Нови Сад

Австриски „Дер Стандард“: ЕУ смета дека за апсењето на Додик „не вреди да се вложи труд “

Предраг Петровиќ