Жбогар: ЕУ нема план за северот на Косово

Од:

Европската унија нема план за северот на Косово, но се обидува да помогне сите страни да дојдат до решение, изјави специјалниот претставник на ЕУ на Косово, Самуел Жбогар.

„ЕУ нема план за решение на ситуацијата на северот на Косово, нема ни плани кој би го понудила во дијалогот меѓу Приштина и Белград. ЕУ се обидува да помогне на сите страни, српската и албанската, кои имаат многу проблеми, да најдат оптимално решение“, изјави Жбогар на трибината „Pristupi severu Kosova”.

Според него, проблемот со Косово, не ги оптеретува само односите меѓу Србите и Албанците, туку со тоа се отежнува и нивниот пат кон ЕУ. Помирување меѓу Србите и Албанците нема да има се додека не се најде оптимално решение за северот на Косово.

Отворањето на косовска канцеларија во северниот дел на Косовска Митровица претставува добар чекор од Приштина, смета Жбогар, но потребни се и конкретни мерки, поради подобрување на економската ситуација во која живеат тамошните Срби.

Би можело да ве интересира

Кастрати: Целосен дебакл на Курти

Вучиќ: Во Брисел знаат која страна го кочи напредокот во дијалогот меѓу Белград и Приштина

(ВИДЕО) Шпанците уапсија нарко-бос од Косово, во рацијата уапсени се 10 лица

Горан Наумовски

Србија повторно ќе испрати барање за враќање на 1.000 српски војници и полицајци на Косово

Предраг Петровиќ

Вучиќ утре ќе се изјасни, на маса и опцијата за прогласување окупација на дел од територијата на Србија

Предраг Петровиќ

Четворица млади Срби на рочиште во северниот дел на Косовска Митровица