Груевски побара од Џиабао кинески инвестиции

Од:

Во Пекинг премиерот Никола Груевски денеска се сретна со кинескиот премиер Вен Џиабао, при што акцент во разговорите бил ставен на економските односи. Македонија бара дел од милијардите на Кина која планира да ги инвестира во Европа.

Груевски му понудил на кинескиот колега технолошка индустриска развојна зона која кинеските компании ќе можат да ја управуваат и да изградат свои погони.

Освен тоа, понудени биле и проекти од областа на инфраструктурата, енергетиката и информатичката технологија.

Шестдневната посета на Кина на македонската делегација е уште еден обид да се привлечат странски инвестиции поради што се организирани неколку бизнис форуми со претставните на кинеските компании во Пекинг, Шангај и Хонг Конг.

 

Би можело да ве интересира

ДУИ: Владата продолжува со ограничување на употребата на албанскиот јазик

(ВИДЕО) Костова: Владата води погрешни економски политики, цехот го плаќаат граѓаните

Новата сириска влада ги предупреди граѓаните да не крадат јавен имот

Владата на Пленковиќ го преживеа гласањето за доверба

Платформата за ХИВ бара неопходниот буџет за заштита на населението од ХИВ-инфекција

Владата размислува користењето на криптовалути да го стави во законски рамки