Поради снимање на францускиот филм „А Фонд“, скопската обиколница ќе биде затворена за сообраќај во двете наредни работни седмици (од 14-ти до 18 септември и од 21-ви до 25 септември), како и на 28 септември, соопшти Автомотосојузот на Македонија по известувањето од продукцијата „Мануфактура“.
Привремената измена на режимот на сообраќај на обиколницата на Скопје ќе важи од 7 до 19 часот во секој од наведените датуми.