Италијанската тенисерка Флавија Пенета го освои трофејот на годинешното издание на Грен слем турнирот во Њујорк. Таа синоќа во финалето за нешто повеќе од еден и пол час игра ја совлада сонародничката Роберта Винчи со 2-0.
Пенета во првиот сет победи на тај-брејк со 7:6 (7:4), а во вториот беше убедлива со 6:2.
За 33-годишната Италијанка ова беше прво финале на еден Грен слем, а по врачувањето на трофејот на US Open најави нејзин крај на кариерата.
Најстарата победничка на турнирот во Њујорк заработи 3,3 милиони долари.