НДМ: Ако странците го изберат специјалниот обвинител, дефинитен пораз на идејата за суверена македонска држава

Од:

„Народно движење за Македонија како и македонскиот народ се силно вознемирени од информациите во јавноста дека специјалниот јавен обвинител ќе го бираат странците Аиво Орав и Џес Бејли доколку ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ не успеат во тоа.

Во услови кога земјата е доволно понижена и посрамена на меѓународната сцена поради немоќта на македонските политички лидери самите да понудат излез од кризата, доколку и изборот на специјалниот обвинител го извршат странците, тогаш дефинитивно ќе биде запечатена идејата за самостојниот и суверениот карактер на државата.

Да потсетиме, НДМ за цело време на кризата во која е заглавена земјата ја реафирмира својата заложба за решение на домашен терен со домашна памет и без странско туторство.

Меѓутоа, во услови кога странците наметнаа договорно решение за кризата, бараме од Никола Груевски и Зоран Заев одговорно лидерство барем во однос на реализација на договореното вклучувајќи го и изборот на специјалниот обвинител, во насока самите тоа да го направиме со одлуки на домашните политички актери со што барем делумно ќе го анулираме горчливиот факт дека земјата и понатаму, недозволиво во очите на демократските држави се претставува како незрела демократија, која не може да обезбеди излезни решенија без меѓународно туторство“, се вели во соопштението на НДМ.

Би можело да ве интересира

„Единствена Македонија“: Скандалозно е што Заев избрал фукницонери кои си играат и учат како се води држава

Ана Ололовска

ВИДЕО: Бачев поднесе иницијатива со која бара Македонија да не влезе во НАТО

Ана Ололовска

„Единствена Македонија“ официјално ќе побара од Собранието повлекување од НАТО

Ана Ололовска

НДМ стана „Единствена Македонија“: Сојуз со Русија и членство во Еворазиската унија

Наум Локоски

НДМ: Нимиц ја крши резолуцијата 817, Македонија да го префрли спорот за името на правниот терен

Ана Ололовска

НДМ: Столтенберг да им пренесе на НАТО и ЕУ – Жива е Македонија, жив е македонскиот народ!

Ана Ололовска